Велосипедист водел цело време и на крај го утнал финишот

Триесет и четири годишниот прославен словенечки велосипедист Примож Роглиќ возел сјајна трка на Тур де Баскија во понеделникот. Бил постојано во водство, но во еден момент тргнал во погрешна насока. На крајот победил но овој мал кикс го чинел осум секунди во финишот. „Среќа што беше доволно време за да победам“.

Примож Роглиќ славел победа на патеката во должина од 12 километри која ја извозел за 12 минути и 34 секунди. Ова е 81. славје за Роглиќ во кариерата и негов петти екипен триумф во Земјата на Баските.

2 април 2024 - 09:12