Усеин Болт запнал па запнал да стане фудбалер

Деветкратниот олимписки шампион и светски рекордер на 100 и 200 метри, Усеин Болт сериозно почна да зборува околу желбата да стане професионален фудбалер. Почнал да тренира со Борусија Дортмунд а му се игра во Манчестер.

За тоа дека Усеин Болт е страствен навивач на Јунајтед знаеме одамна. Дека знае да заигра фудбал знаеме исто. Но дека му се увртело во глава да стане професионален фудбалер, 30-годишниот Јамајканец објави викендов.

„Да видиме како ќе се заврши ова. Ако можам да заиграм за Манчестер Јунајтед, тоа би било исполнување на мојот животен сон. Тоа би било неверојатно“, изјави Болт пред неколку месеци.

Во меѓувреме со тренерот на Борусија Дортмунд, Томас Тухел се договорил да тренира со „Милионерите“ неколку недели.

Следната година Болт ќе ја заврши неверојатната кариера спринтер: Последниот турнир на Јамајканецот ќе биде Светското првенство во Лондон кое ќе се одржува од 5-13 август следната година. Болт најави дека не сака да работи како тренер во лесна атлетика.

„Тренерската атлетика е многу интересна, но истовремено и тешка. Извинете, но знам дека сега ќе разочарам многу“, додаде Болт во најавата дека тренер не му се станува.

ЗОШТО БАШ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД?

Минатата година Болт беше гостин на „Олд Трафорд“ и даде интервју за MUTV. Одигра и ревијален меч а стигна и да тренира со ѕвездите на клубот.

„Мислам дека вреди да се проба и да се види дали ќе кажат: ’Готово, добар си, дојди со нас или ќе кажат Не, не си за нас’. Играм во добра форма, можам да ја контролирам топката и знам што се случува на теренот. Мислам дека ќе речат: ’Еве ти договор на пет години. Имаш 30 години, но добиваш 5-годишен договор“, помалку на шега изјави Болт за каналот на Манчестер Јунајтед.

Притоа „мртов сериозен“ изјави дека не би сакал да игра под раководство на Луј Ван Гал.

КАКОВ ИГРАЧ САКА ДА СТАНЕ БОЛТ?

„Би сакал да бидам мешавина на Меси и Кристијано - да искомбинирам талент со својата брзина и страст. Би бил величествен. Го симпатизирам Кристијано, но и двајцата се страшни таленти“.

КАКО ИГРА ФУДБАЛ УСЕИН БОЛТ?