Тајсон ќе боксува со Рој Џонс во септември, стручњаците викаат да не го силат, стар е

Еден од најголемите боксери на сите времиња во септември најверојатно ќе боксува против стариот познаник Рој Џонс кој пред 17 години одби ваков дуел и заработка од 40 милиони долари.

Во идеалниот момент за Рој кога стана сензационален шампион во тешка категорија, а кариерата на Тајсон беше во заоѓање, Рој наводно одбил борба и се откажал од најголема заработка во кариерата.

Дека Мајк ќе ја возобнови кариерата се шушкаше уште на почетокот на 2020-та кога на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат видеа во која Тајсон демонстрира опасно брзи движења и добра форма.

Легендата на боксот во меѓувреме одбил неколку привлечни понуди за борби. Но сега сè погласно се зборува за дуел Тајсон - Рој Џонс кој би се одржал во септември во 8 рунди.

„Да, вистина е, Мајк е легенда. Да се добие понуда да се сретнеш со него во ринг и да откажеш би било лудо. Јас не се спремав да се вратам и одново да боксувам, но поради Мајк Тајсон спремен сум да направам исклучок. За мене тоа е можност која не можам да ја одбијам. Од сите кои сакаат да боксуваат со него, тој ме одбрал мене. И кога он направил така, како можам јас да одбијам“, изјавил Рој Џонс.

БИТКАТА ТАЈСОН-ЏОНС МОЖЕШЕ ДА СЕ ОДРЖИ МНОГУ ОДАМНА КОГА РОЈ БЕШЕ СВЕТСКИ ШАМПИОН

Иако уште е неизвесно што ќе се случува, јасно е дека во моментот на евентуална борба двајцата боксери би имале вкупно 105 години и одамна завршени кариери. Тајсон заврши уште во 2005-та по поразот од Кевин МекБрајт. а Џонс се мачеше до 2018-та.

Двете ѕверки можеа да се пробаат уште во 2003-та година. Тогаш Рој Џонс сензационално стана светски шампион во тешка категорија откако на поени го победи големиот Џон Руиз. Рој стана првиот боксер во светот кој стана светски шампион во средна категорија, освоил шампионска титула во тешка а потполно доминирал во суперсредна и полутешка категорија.

Рој беше најголем боксер на светот во моментите кога Тајсон се приближи до залезот на кариерата. Мајк само што изгуби од Ленокс Луис но беше спремен да издржи уште некоја голема борба. Една од оние кои не се одржаа беше против Рој.

Ова во септември минатата 2019-та година во едно интервју го откри Андре Ворда кој во тој момент се повлече од боксот:

„Имавме ист менаџер со Рој, Џејмс Принс. На маса имаше договор за борба против Тајсон и хонорар од околу 40 милиони долари за Рој. Сите знаевме дека во тоа време Тајсон не беше баш Тајсон. Он уште беше многу опасен но не беше монструм. Работеа над договорот, а слушнав дека Рој сакал повеќе пари.

Џејмс Принс тогаш му рече на Рој: „Земи ги овие 40 милиони долари. Тоа ќе биде најголем ефект во твојата кариера. Ти и Тајсон“. А Рој му одговори: „Не, ќе боксуваме понатаму во иднина“ и цело внимание го сврте кон Антонио Тарвера. Јас искрено сакав да видам како ќе боксува со Тајсон и да оди во пензија. Рој можеше да направи сјајна кариера и да замине од боксот: да оди да лови риба, да прави што ќе прави“.

Интересно е што самиот Рој демантирал и рекол дека самиот сакал борба со Тајсон но дека Мајк одбил.

„По освоената титула светски шампион во тешка категорија, направив се што е можно за да добијам борба со Мајк Тајсон но на крај Мајк не прифаќаше. Гледајте што направи Тони со Холифилд и што после јас направив со Тони. Јас можев да се борам со Тајсон како и Холифилд. 

Јас одамна бев спремен за таа борба но Мајк имаше проблеми со законот па решив да боксувам со Тарвер. Јас никогаш не би прифатил дуел со него ако Мај можеше да влезе во ринг да боксува со мене. Кога сфатив дека бојот со Тајсон не е можен, тогаш потпишав договор за борба со Антонио. А што и можам да направам во таква ситуација? Ако успеев да го победам Тајсон тоа ќе беше последна борба во мојата кариера. Мене повеќе не ми се интересни шампионски борби, јас сакам наследство“.

 

А правите познавачи на боксот сметаат дека евентуален дуел Рој Џонс - Мајк Тајсон би бил своевиден циркус, затоа што и двајцата се во поодминати години, во спортска пензија и дека веќе не се тоа што некогаш биле. Притоа треба да се има предвид и здравствената состојба на двајцата со оглед на тоа што евентуален дуел би донел напорни 8 рунди, ретко издржливи дури и за помлади професионални боксери.

Промотерот ветеран Френк Ворен, човек кој ги застапува шампионите Тајсон Фјури и Даниел Дубои минатата недела рекол дека тој не го гледа Тајсон во рингот и дека е против тоа.

„Имаше понуда од Тајсон за Фјури да боксуваат во ревијален егзибициски меч. Имаше разговори но не со мене. Да бидам искрен тоа нешто не ме интересира. Мајк е стар. Тој не е нималку подобар од времето кога Дени Вилијамс и Кевин МекБрајд го победија. Тотално сум против тоа. Мајк да се бори против Ивандер Холифилд или Рој Џонс или Тајсон Фјури. Сосема е погрешно. Не треба луѓето да ги силат на такво нешто и да ги охрабруваат. Ако нешто тргне по зло, ќе се одрази на боксот. Ќе има некои идиоти кои ќе плаќаат да го гледаат тоа, ако на пример имаше двајца Тајсони да имаат егзибициски меч океј, но се друго не“.

22 јули 2020 - 21:24