Супербол спектаклот во Лас Вегас решен на три секунди до крај

Канзас Сити Шифс е освојувач на 58-от Супербол во НФЛ лигата, откако славеше против Сан Франциско со 25:22.

Канзас стана првата екипа по Њу Ингланс Патриотс во 2005 година, што успеа да ја одбрани титулата во Супербол.

Победникот на спектаклот кој се  одржа на стадионот „Алијант“ во Лас Вегас беше решен дури по продолженијата, по нерешените 19:19 по регуларниот дел од средбата.

Ова е само второ продолжение по пауза од преку 50 години на еден од најголемите финални спектакли во светот.

Квотербекот на Чифс, Патрик Махомес, го пронајде Мекол Хардман за тачдаун и пресврт во последните секунди што му ја донесе на неговиот тим третата титула во пет сезони во НФЛ. 

Покрај клучното додавање за титула на три секунди до крај, Махомес одигра и извонредна партија со 333 освоени јарди и 66 истрчани со еден фрлен тачдаун и една пресечена топка. 

Титулата МВП заслужено ја освои и оваа му е трета во шест години откако е стратер.

12 февруари 2024 - 09:11