Страшен пад на Марк Маркез

Водечкиот во генералниот пласман на Мото ГП шампионатот, Марк Маркез на првиот тренинг пред трката за Големата награда на Тајланд доживеа незгода со својата Хонда која буквално се разлета на парчиња. За среќа Шпанецот кој е на чекор од титулата во кралската класа, поминал со полесни повреди.

“Имавме среќа денес. Маркез беше префрлен во болница за да му се прегледа се, му направија снимки и се изгледа добро. Имаше болки во нозете и малку во колкот, но ништо загрижувачки“, изјавил тимскиот шеф на Хонда, Алберто Пуиг.

Маркез, кој е актуелен светски шампион, би можел да ја одбрани титулата во недела ако освои макар 2 бода повеќе од неговиот директен ривал Андреа Довициозо. Марк има 98 бода во генералниот пласман.

Трката за ГН на Тајланд е во недела од 9 часот по средноевропско време.

4 октомври 2019 - 12:35