Србија е олимписки шампион во ватерполо, одбрането златото од Рио

Ватерполистите на Србија во големото финале на ЛОИ 2020 во Токио ја совладаа Грција со 13:10 (6:3, 4:2, 2:2, 3:1) и заслужено го одбранија тронот.

По турбулентниот почеток на Олимписките Игри, ватерполистите на Србија по групната фаза заиграа моќно и заслужено го одбранија златото освоено на претходната Олимпијада во Рио пред пет години.

Од друга страна, за Грција ова е најголем успех во историјата на нивното ватерполо. Сребрен медал, прв откако играат на Олимписки Игри, Грците освоија откако блескаа во групната фаза. Иако секогаш беа во првите топ10 репрезентации на светот никогаш не направија вака голем успех како во Токио.

Денешното финале почна во знакот на Србија. Душко Пјетловиќ и Филип Филиповиќ како прави бомбардери решетаа од разни позции па со четири од првите пет гола на Србија и донесоа водство на својата селекција.

Грците покажаа дека не случајно растураа на патот до големото финале, па со одличниот втор период се вратија на само -1 гол заостаток на полувремето (8-7).

На стартот на вториот дел двете репрезентации внимателно повеќе мислеа на својот гол отколку на противничкиот па третиот период заврши 10-9 за олимпискиот првак.

Грците со гол ги отворија последните осум минути и после долго време стигнаа до израмнување (10-10), но Душан Мандиќ и Пјетловиќ решија да земат се во свои раце и да ги постават конечните 13-10 за ново злато на Србија.

Бронзата ја освои Унгарија која завршува на трето место откако ја совлада Шпанија со 9-5. Во редоследот, Италија е петта, Црна Гора шеста, Хрватска и САД се седми и осми.