Сони 1 - Носталгија од некое поубаво време

На денешен ден, 3. декември во 1994-та година јапонскиот гигант Sony за првпат го пушти во продажба првото издание на PlayStation. Ова беше прва конзола од серијата и влезе во игра како голем конкурент на моќните Sega и Nintendo. 27 години подоцна светот е многу изменет но секогаш ќе се сеќава на првото издание на Сони Плејстејшн.

Интересно, на јубилејот 25 години од дебито во Јапонија, Гинисовата Книга на светски рекорди запиша дека Сони продал повеќе од 450 милиони примероци од оваа серија која стана најпозната на светот. Денес е култен симбол за многу колекционери ширум планетата

Во 2000-та стигна фамозниот црн „монолит“ Playstation 2 кој во споредба со кецот изгледаше како вселенски брод:

 

Така Сони набрзо отвори нова ера во областа на гејмингот и стана апсолутен лидер на пазарот

 

Еве како денес изгледа чудесниот Сони Плејстејшн 5:

Pro Evolution Soccer е една од најиграните игри во историјата на Сони Плејстејшн 

3 декември 2021 - 12:16