Систина со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско

Уника, Лукоил и Систина со триумф го заокружија 10. коло од Бизнис лигата на Македонија.

Окта не најде против игра за расположената Уника
Уника 10-7(6-2) ОКТА
Уника: Љуљзим Каштањева 2’ 4’ 18’ 23’ 37’ Бенјамин Граинца 8’ Арбен Нухиу 12’ 15’ Бесим Нухиу 25’ 40’
Окта: Драганчо Ѓеорѓиевски 16’ 17’ 34’ Живко Котевски 21’ 25’ 40’ Драганче Стојановски 37’
Екипите на Уника и Окта одиграа доста отворен фудбал кој беше офнзивно ориентиран.

Уште на самиот почеток екипата на Уника ја имаше иницијативата и створи предност благодарение на одличната игра на Каштањева на кој подоцна му се приклучи и Нухиу. Окта во текот на целиот натпревар се обидуваше да ја анулира предноста која ја стекна Уника во првото полувреме не можеше да најде против-игра за расположената Уника која имаше своја вечер и дојде до победа од 10-7

Подобрата физичка подготвеност му ја донесе победата на Лукоил во дуелот со Факом
Факом 3-12(1-4) Лукоил
Факом: Шенол Аџировски 4’ 29’ Лазар Јаневски 32’
Лукоил: Владимир Секулоски 3’ 16’ 27’ Жарко Климкаров 6’ 21’ Мартин Алаѓозовски 16’ 34’ Дејан Зиков 21’ 23’ Александар Аврамоски 30’ Анѓелчо Арсов 32’ 40’
Екипата на Лукоил во дуелот со Факом влезе со агресивна игра кој наметна висок ритам и жестоко темпо уште на самиот старт.

Екипата на Факом во првото полувреме се обиде да одговори на ваквата игра но Лукоил успеа да стигне до предност од 1-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Лукоил го подигна нивото на игра по што следеше пад во играта на Факом пред се поради подобрата физичка подготвеност на Лукоил која на крајот со ваквиот жесток ритам го доби овој натпревар со висока разлика од 3-12.

Систина со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско
Пекабеско 1-6(1-2) Систина
Пекабеско: Слободан Игнатов 20’
Систина: Горан Манов 12’ 33’ Игор Ѓорѓиевски 15’ Кристијан Димковски 34’ Ѓорѓи Иванов 35’
Десеттото коло во Бизнис Лигата на Македонија го заокружија екипите на Пекабеско и Систина.

Во првото полувреме и двете екипи играа крајно израмнет фудбал иако екипата на Систина имаше нешто повеќе шанси во однос на Пекабеско полувремето заврши со минимална предност на Систина од 1-2. Во второто полувреме екипата на Систина заигра поофанзивно во нападот со што успеа да стекне солидна предност со која си обезбеди мирна завршница. Екипата на Пекабеско се обиде и со голман играч да се врати во натпреварот но тоа не му успеа па го загуби овој натпревар со 1-6.

9 декември 2016 - 08:41