Шефот на Формула 1 ќе седне на обвинителна клупа

Според Би-Би-Си, Берни Еклстоун ќе мора да оди на суд во Минхен за корупциската афера во случајот "Грибковски" во која е обвинет за мито.

Првиот човек на Формула 1 во мај минатата година беше обвинет дека во 2005-та го поткупил банкарот Герхард Грибовски со 44 милиони долари за да изврши продажба на Ф1 која на крајот ќе треба да заврши во рацете на компанијата ,CVC Capital Partners.

Еклстон призна дека му платил на Грибовски, но негираше дека за работи за мито, а за случајот се бранеше на Високиот Суд во Лондон. Грибовски пак мораше да се соочи со осум и пол годишна казна затвор.

Газдата на Формула 1 и членот на одборот на германската банка Баерн Ландешбанк вусшност се обвинети за лажна продажба со обезвреднување на акции, се со цел Еклстоуни и натаму да командува со ова натпреварување.

Судот од Минхен се уште го нема закажано датумот на судењето на 83 годишниот британски бизнисмен, но според пишувањата на Би-Би-Си тоа најверојатно ќе биде кон крајот на април.

16 јануари 2014 - 12:52