Реваншот Кличко - Фјури во мај

Реванш дуелот за титулата светски првак во тешка категорија веројатно ќе се одржи во Обединетите Арапски Емирати во мај.

Луѓето од тимот на Тајсон Фјури и Украинецот Владимир Кличко наголемо се договараат за втората борба, а за организацијата најзагреани се ОАЕ.
„Борбата би можела да биди на 7, 14, 21 или 28 мај. Многу земји уште од сега се заинтересирани за домаќинството, но за сега ОАЕ имаат предност. Ако финансиската понуда биде слична, секако дека сакаме борбата да се одржи во Англија“, изјави Питер Фјури, тренерот на шампионот.
Во ноември минатата година, Тајсон Фјури во Дизелдорф го победи Кличко со едногласна судиска одлука и ги презема титулите во верзиите ВБА, ВБО, ИБФ И ИБО.
 
Кличко веднаш после мечот изјави дека сака реванш, кој е предвиден и според договорот. Британецот прифати и на тој начин остана без ИБФ титулата затоа што го откажа претходно закажаниот дуел против Вјачеслав Гласков.
 
Тајсон Фјури досега е непоразен на 25 дуели, од кои 18 доби со нокаут, а Кличко на 68 има забележа 64 победи (53 со нокаут) и доживеа четири порази.