Олимписките Игри се одложуваат првпат после 76 години

Откако Шинзо Абе. премиерот на Јапонија му предложил на првиот човек на Меѓународниот Олимписки Комитет, Томас Бах, Олимписките Игри 2020 и официјално се одложени за 2021.

Олимпискиот Комитет на Канада соопшти дека нема да праќа олимпијци во Јапонија дури и ако Олимписките Игри се одржат, а нивниот пример го заследи и Австралија.

Тоа како да водеше до конечната одлука, па денес и официјално МОК соопшти дека Игрите кои требаше да се одржат од 24 јули до 9 август, се одложуваат за следното лето 2021 година.

Шинзо Абе изјавил дека одлагањето е неминовно поради пандемијата на коронавирус. Тој телефонски разговарал со првиот човек на МОК, Бах откако вториов претходно оптимистички најави дека финална одлука ќе падне во следните четири недели и дека уште има надеж.

Јапонија била прва земја која морала да ги одложи Олимписките Игри во 1940 година поради Втората светска војна. Токио подоцна до 1964 година не бил град домаќин на едни Игри.

Во историјата три Олимписки Игри се одложени - 1916 во Берлин, 1940 во Токио и 1944 во Лондон, сите три поради војни.

Пред само неколку дена и МОК и Организацискиот одбор на Олимиските Игри од Токио како и Владата на Јапонија тврдеа дека дека нема никаков план за одложување на најголемиот спортски настан на светот и дека за такво нешто ќе треба сериозни напори.

Канада апелираше ЛОИ да бидат преместени за догодина а нивниот пример го следеа Олимписките комитети на Бразил, Словенија и Германија, како и пливачката и атлетската федерација на САД.

24 март 2020 - 13:45