Нов глуп потег на летонска тенисерка со Азаренка

Синоќа на турнирот во Катар после мечот меѓу Викторија Азаренка и Јелена Остапенко кој го доби Белорусинката убедливо 6:0, 6:3, Летонката одби да се ракува па уште понавредливо само рекетот го пружи. Многумина посомневаа дека и ова е уште еден во низа глупи потези на одредени тенисери и тенисерки да игнорираат руски и белоруски колеги и колешки, но Остапенко годинава на две средби веќе се ракуваше со Азаренка па чуди синоќешниот глупав гест.

Ова беше трета победа годинава на Викторија Азаренка (31-ва на ранг листа) против Јелена Остапенко (11-та на ранг листа).

15 февруари 2024 - 10:02