Ноле ги носи параолимпијците во Лос Анџелес

Хуманитарната акција во Србија успеа. Српската делегација ќе патува на Специјалната олимпијада во САД со помош на најдобриот тенисер во светот.

Новак Ѓоковиќ одлучи да им помогне на своите сонародници со донација од 3 милиони динари (25.000 евра), пари кои им беа потребни за пат до Лос Анџелес каде летово се одржуваат Специјалните олимписки игри.

Помош на спортистите со посебни потребни им дадоа и репрезентативците на Србија кои моментално се наоѓаат на Европски игри во Баку, а тие донираа 500.000 динари (околу 4.000 евра).

На Специјалната олимпијада која ќе се одржи од 25 јули до 2 август ќе се натпреваруваат 7.000 атлетичари од 170 земји, а на Србите им беше потребна финансиска помош за 109 членови кои ќе бидат дел од делегацијата.

Претходните Олимписки игри се одржаа пред четири години во Грција, а во САД се враќаат по пауза од 16 години. Домаќините очекуваат дека во тие недела дена во Лос Анџелес ќе има околу половина милион навивачи.

15 јуни 2015 - 13:16