Необичен подвиг на двајца Македонци кои се искачија на највисокиот вулкан во светот со велосипеди

Шестмина наши алпинисти до сега се имаат испентарено на Монт Еверест. Тоа е веќе познат успех, како и популарен спорт во светот. Овој пат имаме едно поинакво и некомерцијално искачување на двајца наши јунаци кои ја раскажуваат авантурата остварена во Јужна Америка.

Никола Нешкоски и Илија Деревјов ќе бидат запишани во историјата како први Македонци кои успеале да се искачат на највисокиот вулкан во светот со велосипеди.

Се работи за Охос дел Саладо висок 6.893 метри кој се наоѓа на границата меѓу Аргентина и Чиле. Таму веќе стапнала една македонска експедиција, ама планинарска.

Биле заедно со уште осуммина од екс ју просторите, но тие биле планинари. Им помогнале од логистички аспект и функционирале како едно.

Овој подвиг на Никола и Илија е реткост и со него Македонија ја сместија во друштво на само уште три земји кои успеале да го сторат истото: Чиле, Италија и Англија. На вулкан кој за прв пат бил искачен со точак пред 2-3 години.

Претходно ги имаат искачено вулканите Килиманџаро во Африка, Дамаванд во Иран, Етна, Италија и Арарат, Турција. 

Целата авантура им траеала три недели од кои две на планина. Спиеле во шатори, првиот пат покрај езеро на 3.700 метри и на патот до врвот имале вкупно четири кампови.

Над 4.300 метри имало само пустини, а од животни сретнале лами, глувци и фламингоси. Заедно испиле 84 литри вода за две недели или 3 литри на ден по човек, за што од претходно направиле пресметка колку од прилика би им било потребно.

Им се погодило сè, од друштво до временски услови, а немале ниту технички проблеми од типот да им се дупне гума. 

Само стартот им се искомплицирал, а тоа е патот од Скопје до Јужна Америка. Првиот лет им го откажале поради магла, а со тоа им се пореметиле и другите наредни летови. Патувале со многу багаж.

Авантурата ја раскажуваат за Слободен печат.

Херојските авантури и предизвици на Здравко Дејановиќ кој се качувал на Хималаите на -50

6 март 2024 - 15:03