Најмладите тенисерки во историјата

Бајката на американската тинејџерка Сиси Белис на УС Опен заврши во третото коло, но и покрај тоа таа остана најпријатното изненадување на годинешниот Мастерс во Њујорк.

Со триумфот над 12. рангираната Доминика Чибулкова во вторникот, 1028. тенисерка во светот, Кетрин Белис ја крена тениската јавност на нозе.
 
Дури 38 илјади гледачи дојдоа да ја погледнат новата тениска надеж од Калифорнија во дуелот против Зарина Дјас, 48. на ВТА ранг листата.
 
Сепак, 15. годишната Белис не успеа по вторпат да направи сензација и загуби со 6-3, 0-6, 6-2, а тоа значеше и крај на нејзиниот настап на Флешинг Медоус пред публиката која бурно го проследуваше секој нејзин поен.

 „Луѓето велат дека јас сум иднината на американскиот тенис, а токму за тоа сонував уште како мала. Дефинитивно е дека ќе мора напорно да работам за навистина да стигнам до врвот“, изјави Белис веднаш по дуелот.
Нејзината ги предизвика следбениците на тениската игра да прочепкаат по архивите и да видат кои се најмладите тенисерки кои настапиле на Мастерс турнирите.
 
Ана Курникова во 1996. година стана најмладата тенисерка која што победила на УС Опен, а по неа следува младата Сиси Белис, која доби карта за овогодинешниот Мастерс во Њујорк.
 
Веднаш по триумфот над Чибулкова, Сиси Белис прво отиде да си честита со нејзиниот тренер, Лео Азеведо.

Белис тргнала по истиот пат по кои нејзините сонароднички во седумдесетите години од минатиот век го прославија американскиот тенис:
 
- Во 1971. година, Крис Еверт стигна до полуфиналето на 16. годишна возраст;
 
- Шест години подоцна, во 1977. Трејси Остин ја запрепасти светската спортска јавност кога на само 14. години дојде до четвртфиналето;
 
Најмладите тенисерки во историјата на Мастерс турнирите:
 
- Џенифер Капријати, 14. години и седум месеци (октомври 1990);
- Андреа Јегер, 15. години и два месеци (август 1980);
- Трејси Остин, 15. години и три месеци (мај 1975);
- Габриела Сабатини, 15. години и четири месеци (септември 1985);
- Моника Селеш, 15. години  и девет месеци (септември 1989).
29 август 2014 - 15:08