Спорт и поп култура

Како стреличарството стана кул преку ноќ

Можеби е до „Игри на гладта", „Авенџерс" или цртаниот „Брејв". Или е некаков Робин Худ ефект. Но без оглед на причината, стреличарството преку ноќ од маргинален стана популарен спорт, кој за време на Олимпијадата ја надмина гледаноста дури и во однос на кошарката, со во просек 1,5 милиони гледачи.

Статусот на нашиот спорт никогаш не бил подобар", изјавил Брејди Елисон, во моментов прв стреличар на светот. На Олимпијадата и Параолимпијадата во Лондон натпреварите се одвиваа на кралскиот терен за крикет, што се смета за преседан, бидејќи од 1800-та наваму таму се одржувале исклучиво натпревари во крикет.

Секако дека филмовите помогнаа", изјавил Дон Рабска, поранешен тренер на актерката Џина Дејвис, кога таа се обидуваше да се квалификува за Олимписките игри во Сиднеј во 2000. „Луѓето не се разбираат повеќе од лак-стрела-мета, но сепак мислат дека стреличарството е интересно. Тоа е совршена бура од интерес, која треба да ја искористиме".

Катнис Евердин од „Игри на гладта", Хоукај од Авенџерс, Мерида од Брејв, сите тие се промотори на стреличарството, кое - да - е многу кул спорт.

Благодарност до BookBox.

10 септември 2012 - 10:04