Како ли го преживеа Грожан овој пекол?

Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Бахреин, но сите зборуваат за опасната несреќа во која Роман Грожан со голема брзина удри во оградата и од пожар успеа да се извлече жив и речиси потполно здрав. 

Грожан се тврди дека удрил во заштитната ограда со 221 км. Потоа болидот веднаш се запали и среќа што преживеа во таа стравична несреќа.

Неколку секунди откако Французинот избега, болидот експлодира и целосно изгоре, а тој беше пренесен со хеликоптер во болница.

Замислете поминал само со изгореници на раце. 

„Грожан е добро. Има мали изгореници на рацете и на зглобовите. Свесен е и му се прават дополнителни прегледи. Добро е што спасувачката екипа брзо реагираше. Редарите и ФИА одлично ја завршија работата. Беше страшно и добро е што заврши без посериозни последици“, изјави директорот на тимот на Хас, Гинтер Стејнер.

34 годишниот возач се јави од болница и рече дека да не бил 'хало' системот, една од најдобрите работи воведени во Ф1 овие години, веројатно немал сега да зборува на ова видео.

30 ноември 2020 - 10:35