Главниот херој на Ролан Гарос што гледа во небото

Американскиот тенисер Стиви Џонсон неодамна останал без неговиот најголем идол во животот - неговиот татко, кој починал на сон пред неколку недели. Сега на Ролан Гарос игра во негова чест, победува и жали.

26-от рекет на светот Стив Џонсон игра тенис од кога памти за себе, - од две години. Во овој спорт го внел татко му Стив Џонсон - постариот, тениски фанатик и познат специјалист во Јужна Калифорнија. Стив започнал активно да тренира тенис ведаш по завршувањето на колеџот - на 21 година.

„Татко ми ме научи практично сè што знам денес. Се сеќавам, уште оттогаш постојано удиравме топчиња и тоа секогаш беше кул.“, вели Стив помладиот.

„Нервозен сум само надвор од теренот. Кога сум на тренинг или кога гледам како игра Стиви секогаш сум среќен. Посреќен не сум бил“, пред пола година изјави татко му, Џонсон постариот.

Две децении после првите лекции на плажа со топче и балони, Џонсон завршил на Универзитетот Јужна Калифорнија (USC) со статусот четирикратен шампион во студентската екипна конкуренција NCAA и два пати индивидуален шампион. Минатата година Џонсон-помладиот ја освои својата прва титула на ATP, шест месеци претходно и втората титула, а во меѓувреме ја освои и Олимписката бронза во парови.

Пред три недели Стиви се спремал да игра на Мастерсот во Рим, а мајка му Мишел и сестра му Елисон која завршува колеџ планирале да дојдат со него на „Ролан Гарос“ и да останат таму до почетокот на сезоната на трева.

Но на 11 мај Џонсон постариот кој требал да му се придружи на семејството на „Вимблдон“, починал во сон. Имал 58 години.

Стиви се вратил во САД за да се прости со својот татко и го пропуштил Мастерсот во Италија. Неколку недели подоцна, 27-годишниот Џонсон се врати во Европа и стигна до четвртфиналето на турнирот во Женева од каде тргна на „Ролан Гарос“.

На прашањето дали сакал да се откаже од настап, по пласманот во вториот круг (победата против Јочи Сугиту ја нарече најжална во кариерата), Калифорнецот одговорил дека играл скоро по инерција:

„Не. Не знам. Не можам да се сетам за што размислував. Мајка ми и сестра ми одамна планираа да дојдат со мене во Европа на турнирите. Сестра ми заврши со Универзитетот и решија да дојдат со мене, а потоа после Лондон да се врати дома и да почне со работа“.

Во средата кога влезе во третото коло - негов најдобар резулта во Париз, Џонсон играше против Борна Ќориќ кога во четвртиот сет Хрватот беше опоменат за неспортско поведение (брутално го кршеше рекетот од нервоза а топчето го удри во публика).

По продолжениот спор на Борна со судијата, Џонсон се мобилизираше и победи во решавачкиот тај-брејк со 8:6, а во тој момент го стигна и заморот и болката и тагата.

„Просто плачев по татко ми. Толку многу сакав да го видам. Но знам дека ако гледаше, во последниот гем ми помогна да го довршам. Татко ми ме научи никогаш да не се предавам и секогаш да се борам. Тоа е се што можам да сторам“, кажа Џонсон во најтрогателното интервју на теренот неколку минути после победата.

Стиви едвај собра сила во себе да раскаже за наследството на татко му:

„Тој го живееше и го дишеше тенисот повеќе од мене. Го сакаше тенисот и сакаше да зборува за него. Признавам дека мене ми се случувало да се уморам од тенисот и да сакам да се опуштам. Затоа секогаш ќе носам спомени од сите наши разговори“, искрено и со голема тага раскажа најдобриот американски тенисер во моментов.

 

Многу ми значеше тој, поради што сега ми е тешко кога дознавам колку многу направил и за другите луѓе. Не сум знаел многу за тоа, но сега ми раскажуваат за историјата за децата на кои им помагал и ги научил да играат. Беше голем човек. Горд сум што остварив некои негови соништа. Ме гледаше како играв на Централниот терен на „Вибмлдон“, на арената „Артур Еш“ на US Open. Последниот мој меч кој го гледаше беше во Индијан Велс против Федерер.

Во третото коло Џонсон во петок ќе игра против 6-от тенисер на светот, Доминик Тим.

1 јуни 2017 - 10:38