Двојазично ватерполо со албанско знаме

Официјалната церемонија за ждрепката на паровите за Светското првенство во ватерполо помина со скандал затоа што на графичкиот приказ на групите покрај името на Црна Гора стоеше знамето на Албанија.

Најдобрите ватерполисти на светот од 14 до 30 јули ќе се борат за светската титула во главниот град на Унгарија. Денес се влечеше ждрепката и сè течеше вообичаено до моментот кога на големиот бим каде што стоеа групите Црна Гора беше претставена со албанското знаме.

„Веднаш после ждрепката организаторите на манифестацијата упатија големо извинување поради грешката која се случи за време на извлекувањето на топчето со репрезентацијата на Црна Гора“, пишува во брзата реакција на сајтот на ватерполо сојузот на Црна Гора, а пренесува подгоричкиот Вијести.

Црногорците кои важат за едни од фаворитите за златото заедно со бранителот на титулата Србија и домаќинот Унгарија, паднаа во групата А со Бразил, Канада и Казахстан.

Во групата Б се Франција, Италија, домаќинот Унгарија и Австралија. Групата Ц ја сочинуваат Србија, Шпанија, Грција и Јужна Африка а во Д ќе играат: Сад, Јапонија, Хрватска и Русија.

24 февруари 2017 - 14:49