Таг: Црна Гора

Селекторот на Црна Гора го има најјакиот тајмаут на Европското

Црна Гора загуби од Унгарија 26:24, а селекторот Владо Шола заборави дека нема два пивота и направи тајм аут за кој сите зборуваат. 

Јас сум главен во режија и одлучувам дека на полувреме ќе се гледаат само женски

И тоа доста упорен режисеров во Црна Гора, оди смени канал да те видам. Чекаш да почне второ, за да тркнеш до веце.

Во Србија „пукна“ пирамидалната шема со лајкови

Грејпфрут медиа е апликација која масовно се рашири низ Србија и Црна гора, а доаѓаше со едно фантастично ветување за заработување пари од лајкање, кое не бараше ништо од вас само една скромна почетна инвестиција од неколку стотици евра. Од пред некој ден апликацијата ја снема.

Црногорците слетаа во Тиват, а таму армија на навивачи

Селекцијата на Црна Гора го оствари до сега најголемиот успех на големите ракометни натпреварувања, а тоа го препознаа и наградија нивните навивачи, и на првенството, а потоа и дома.

Црногорците го закочија сообраќајот, се слави победата над Хрватска

Важеа за аутсајдери, а стигнаа до втората групна фаза и моментално се со фантастичен скор од три победи и еден пораз од Данска. Големата победа над фаворитот Хрватска се славеше во снежна идила со знамиња, песни, колони од возила, свирежи, бакљи...Во транс се Црногорците. 

Спектакуларната акција на Црна Гора со двоен цепелин

Селекцијата на Црна Гора е најголемата сензација во досегашниот дел од Европското првенство. Ние ги пишавме предвреме бодовите против нив, а тие го потепаа цел Балкан. Прво Македонија, па Словенија и сега најново во втората групна фаза и Хрватска и тоа со 6 гола разлика. Им летаа пред гол.

Мизерен потег на црногорски ракометар, ги плукна македонските навивачи

Марко Ласица од таборот на црногорската репрезентација се избрука јавно за сите пари со срамен гест кој не паметиме дека сме виделе до сега да го направи некој друг спортист. Имаше видео на кое се објаснуваа црногорските ракометари со македонските навивачи, а сега стана многу појасно зошто нашиве беа толку револтирани. Дојде и ги плукна, како најголем сељак.

Црна Гора и Азербејџан ја разубавија спортската среда

Покрај историската вечер на Кристијано Роналдо, од квалификациската мундијалска ноќ издвојуваме и две голчишта за почит. Можеби на Азербејџан е поатрактивен, но на Црна Гора е позначаен бидејќи падна во 97-ма и вреди бод.

И Никола распеа како Миличиќ само не полеваше со пиво

На друштвените мрежи се појави видео на кое некогашната легенда на кошаркарскиот клуб Партизан, Никола Пековиќ кој играше и во НБА за Минесота Тимбервулвс, а сега е прв човек на кошаркарската федерација на Црна Гора, пее кафански песни во стилот на освојувачот на титула во НБА, Дарко Миличиќ.

Гол од паркинг во Црна Гора

Црногорците веќе го вратија фудбалот на сцена и во само неколку дена паднаа два лудачки гола. Прво во Плевља, па сега и во главниот град. Будуќност славеше против најголемиот ривал Сутјеска од Никшиќ со 2-0 а Милош Раичковиќ даде гол кој долго ќе се памти во Црна Гора.

Црногорската химна исвиркана на Косово

И покрај тоа што претседателот на Црногорската фудбалска федерација, легендарниот Дејан Савичевиќ пред мечот Косово - Црна Гора од квалификациите за Евро 2020, го посети гробот на некогашниот прв човек на фудбалскиот сојуз на Косово Фадиљ Вокри, и покрај тоа што Црна Гора меѓу првите го призна Косово како независна држава, сепак во Приштина им се исвирка химната на „соколите“.

Него дали видовте што и се случи на Данска во Подгорица?

Македонија синоќа му удри шамар на Исланд кој 13 години нема загубено дома, но сепак сензацијата број 1 во третото квалификациско коло за ЕП 2020 ја направија Црногорците кои се дрзнаа да го совладаат светскиот првак.

Бошњаците бараат забрана на Његош... во Црна Гора

Повеќе бошњачки организации бараат од министерството за образование и култура на Црна Гора да ги забранат и тргнат од училишната програма „Горски венец“ на Петар Петровиќ Његош и „Пешчаник“ на Данило Киш.

Ти му викаш оди лево, тој не знае кај е

На еден од некогашните тренинг семинари за млади талентирани кошаркари во Црна Гора, легендарниот Дуле Вујошевиќ се обидува на едно дете да му објасни да оди во лево.

Транспарент на денот

Во квалификациската група Е, Полска ја совлада Црна Гора со 4:2. Црногорците имаа храброст да одат на гостување каде ако не седиш мадро, сигурно ќе носиш модро, а шегите одат до таму што се вели дека спиеле надвор од Полска и потоа со полициска придружба заминале на стадион.

Црногорско министерство за здравство и 9GAG

Како што уште од времето знаеме дека секоја болница која држи до себе треба да биде накитена со постери со едукативни медицински совети, така и Домот на здравје во Подгорица меѓу другото има постер со над 20 илустрации за грижа за бебиња. Злонамерници ќе забележат дека постерот изгледа како да е од 9GAG, ама тоа не значи дека е погрешен.

Најскапата цигара на Европското

Селекторот на Црна Гора, Богдан Тањевиќ направи голема штета на својот кошаркарски сојуз откако ФИБА од делегатите дознала што правел во соблекувалната.

Отвораме против Словенците, со светскиот првак на крај

Со внимание ја следевме синоќешната ждрепка за Европското првенство кое следната година ќе се игра во Хрватска. Се знае и распоредот кога ќе ги бодриме нашите ракометари.

Британец тргнал да зема интервју од балкански навивачи

Пред мечот Црна Гора - Полска (1:2) од квалификациите за СП 2018, еден британски новинар сакал да слушне збор-два од црногорските навивачи. А слушаше нешто друго.

Двојазично ватерполо со албанско знаме

Официјалната церемонија за ждрепката на паровите за Светското првенство во ватерполо помина со скандал затоа што на графичкиот приказ на групите покрај името на Црна Гора стоеше знамето на Албанија.

Балканскиот Јојо се препороди во Севиља

На 17 години Стеван стана капитен на Партизан а на 20 им даваше голови на Ливерпул и Баерн во Лигата на шампионите. Во Англија го мачеа повреди, кам-бекот во Италија му го обележаа повреди, а сега на два меча во Севиља покажа повеќе од трите претходни сезони.

Дај му добра асистенција и викни мајстор за обрачот

Октавиус Елис има 23 години и игра центар за црногорскиот АБА-лигаш Морнар од Бар. Иако неговиот тим жустро се бори за опстанок во лигата со нашиот Карпош Соколи, Елис од натпревар во натпревар ги витка обрачите.

Тепачка на ракомет во Црна Гора

На дуелот од втората ракометна лига на Црна Гора меѓу Никшиќ и Морача, на 10 секунди пред крајот од средбата гостите воделе 23-21. Во тој момент еден играч на домашните удрил противнички ракометар поради што настанува општ хаос.