Бугаринот Димитров го распарчи Алкараз за полуфинале во Мајами

Бугаринот Григор Димитров игра во неверојатна форма, а доказ за тоа е и пласманот во полуфинале на АТП Мастерсот во Мајами. Гриша го совлада првиот фаворит за титулата и второрангираниот светски тенисер Карлос Алкараз многу лесно со 2:0 по сетови 6-2 , 6-4.

Димитров ја прекина серијата на Алкараз од девет победи во низа. Шпанецот пред неколку недели го освои Индијан Велс, а сега испадна во четвртфинале на АТП Мастерсот во Мајами.

Димитров кој е 12-ти тенисер на светска ранг листа, го совлада Карлос Алкараз за само 94 минути игра.

Во полуфиналето Димитров ќе се судри со Александер Зверев кој претходно со 2-0 (6-3, 7-5) го реши Марошан. Во другото полуфинале ќе играат Јаник Синер и Данил Медведев кои лани беа финалисти во Мајами.

29 март 2024 - 10:54