Атлетичарот со капче и најславната трка на сите времиња

На Олимписките игри 1972 година во Минхен, американскиот атлетичар Дејв Вотл на трката на 800 метри покажа зошто човек никогаш не треба да се откажува.

Во пресрет на Игрите Вотл имал тендинитис и ужасни болки во колената така што не тренирал неколку дена. Селекторот на САД се бунел што Вотл во Минхен дошол со сопругата затоа што сметал дека таа ќе го деконцентрира, а организаторите на Олимпијадата му замерувале што трчал со капче кое не е во согласност со спонзорите на настанот. Тргнува и атлетите од Кенија и Русија го оставаат 10 метри позади, но Дејв нема намера да се предаде: