50 Сент става 1,6 милиони долари на Флојд Мејведер

Во пресрет на големата борба меѓу Флојд Мејведер и Мани Пакијао во Лас Вегас на 2 мај, кладба на Американецот изјави дека е спремен да стави познатиот рапер, кој е убеден дека ќе победи неговиот пријател.

Флојд Мејведер е познат под прекарот „Пари", но овојпат раперот 50 Сент ќе му го земе приматот. Куртис Џексон, како што е правото име на хип-хоп ѕвездата, често е дел од тимот на Мејведер и сега планира да се клади во 1,6 милиони долари дека Мејведер ќе го победи филипинскиот боксер.

„Го имаме шампионот. Шампионот ќе го издува него. Изгледа дека борбата без причина ја надуваа", изјави 50 Сент, на концертот на Крис Браун во Барклајс Центарот во Њујорк.

Флојд Мејведер (37) сè уште е непоразен во својата кариера, а во моментов тренира во Лас Вегас, каде на 2. мај ќе се одигра најскапата борба во историјата на боксот.

Единственото соочување, Мани Пакијао и Мејведер ќе го имаат на 11. март, за кога е закажана прес-конференцијата во Лос Анџелес. 

4 март 2015 - 11:53