25 години од дебито на Шумахер во Формула 1

Кога првпат седнал во болид на тестови на патеката во Белгија, конструкторите останале со отворена уста како е можно малиот толку лудо да вози. После два дена излегол со велосипед добро да ја проучи патеката каде се возела трката.

На 23. август 1991. година на белгиската патека „Спа-Франкоршам“ се одржи на прв поглед невпечатлива трка во Формула 1, која децении подоцна ќе се смета за една од клучните епизоди во историјата на спортот: Зад воланот во зелениот болид на тимот на Еди Џордан седна младиот германец Михаел Шумахер.

Гашо падна во затвор

Дебито на 22-годишниот Михаел се оствари благодарение на неколку настани, а еден од нив има и криминална позадина: осум месеци пред белгискиот Гран При, првиот возач на „Џордан“, Бертран Гашо возејќи „Алфа Ромео“ со својата девојка, се судрил со таксист во Лондон. Излегле од колите, почнале да се караат, а Французинот извадил боца со плин и го испрскал во лице таксистот.

Набрзо морал да се појави на суд поради незаконско поседување на боца со гас. Судот го прогласил за виновен и Бертран Гашо бил осуден на два месеци затвор и 18 месеци условна казна за напад. Пресудата била донесена на само една недела пред тркаа во Белгија и сопственикот на тимот „Џордан“, Еди Џордан бил во тешка ситуација: морал итно да најде адекватна замена.

Парите од Мерцедес

Во 1991. година, тимот на „Џордан“ ја возеше првата сезона во Формула 1 и поради тоа што немаа силна поддршка од спонзорите, луѓето од тимот решија да најдат спортисти со пари кои би помогнале. На почетокот, списокот на кандидати се состоел од Дерек Ворик, Кеке Росберг и Стефан Јохансон.

Набрзо кај Еди Џордан дошле луѓето од Мерцедес кој го понудиле нивниот пилот (Шумахер) за 150.000 фунти. Во тоа време, германскиот тим не бил претставен во Формула 1, затоа што возеле во светскиот шампионат во спортски автомобилизам група Ц. Таму настапувале најдобрите млади возачи: Хајнц-Харалд Френцен, Карл Вендлингер и Михаел Шумахер.

За најбрз од сите бил сметан Френцен и во Мерцедес веројатно сметале дека тој скоро ќе дебитира, така што Шумахер испаднал од комбинации. Четири дена пред белгискиот Гран При, Мајкл одржал краток тест со тимот „Џордан“.

„Младиот Михаел извозел околу 20 кругови и при тоа го повтори нашето најдобро време на оваа патека. Неговата контрола над болидот беше неверојатна. Возеше страшно и одеше во крајни граници“, се сеќава конструкторот Гери Андерсон.

Исклучителен талент

Првата трка во Белгија, Шумахер ја завршил на високото петто место (во болидот со број 32) и во „Џордан“ сфатиле дека добиле многу добар возач. Трката се возела недалеку од родниот град на Шумахер во Германија, Керпен, поради што Михаел имал доста свои навивачи.

„Му реков дека штом настапувал во автомобилски трки, требало добро да ја знае патеката „Спа-Франкоршам“, а тој ми одговори дека никогаш не возел на оваа патека и за нас тоа беше големо изненадување“, додава Андерсон.

Во четвртокот, на неколку дена пред трката, Михаел и натаму не ја знаел патеката па решил да ја запознае - на велосипед. Во петокот се случило нешто неочекувано. Од болидот на „Џордан“ почнала да капе вода, така што конструкторите одлучиле на Германецот да му го дадат болидот на првиот возач на екипата, Италијанецот Андреа де Чезарис кој колку толку имал тестови на разни патеки со болидот.

Но ниту неговиот болид не бил совршен - Де Чезарис забележал дека задниот дел од болидот не делувал цврсто.

Збогувањето со Џордан

Во квалификациите во Белгија, Михаел покажал одличен резултат и завршил седми (Де Чезарис бил 11-ти), а на загревањето бил четврти и почнал да размислува за подиумот. Но на стартот, од преголема топлина, се запалил дел од болидот и по првиот свиок Михаел морал да се откаже. Де Чезарис имал одлична трка и бил близу второто место, но поради лошо работење на моторот го престигнале на три круга до крајот.

„Тој ден Де Чезарис возеше навистина супер и мислам дека тоа се случи делумно поради Михаел кој го мотивираше колегата. Сигурен сум дека ако немаше проблеми со спојлерите, Михаел ќе се бореше за подиумот“, вели поранешниот инжинер на „Џордан“, Тревор Фостер.

Де Чезарис навистина живнал по појавувањето на Шумахер. По белгиското Гран-При, Италијанецот му напишал писмо на својот другар Бертран Гашо кој бил во затвор: „Што се однесува до новиот дечко - не грижи се! Следната трка јас ќе стигнам до него!“.

До контакт не дошло, затоа што за една недела, светот се свртел наопаку: Тимот на „Бенетон“ решил да го доведе Шумахер, а промотерот на Ф-1, Берни Еклстоун сфатил дека младиот Германец е прилика да го освои германскиот пазар. Старите лисици, Берни Еклстоун и Флавио Бријаторе успеале да го земат Михаел од „Џордан“, бидејќи меѓу Шумахер и Ирецот немало писмен договор, туку само устен. Спорна точка бил само актуелниот договор на Бенетон со Роберто Морено, но на крајот и ова прашање било решено со пари.

Непосредно пред италијанскиот Гран-при, во „Џордан“ стигнал факс од Енсотун:

„Драги Еди,

Жал ми е, но не можам да го прифатам вашиот предлог за понатамошни настапи.

Искрено и со почит,

Михаел.“

Една година подоцна Шумахер во болидот на Бенетон ја забележа првата победа во кариерата, а во 1994. година со италијнското „коњче“ ја освои првата светска титула.

23 август 2016 - 15:41