ЖРК Вардар му се реваншираше на Лајпциг

Благодарение на извонредната Ина Суслина која блесна во второто полувреме, тимот на Кастратовиќ стигна до потребната победа во 4. Коло од Лигата на шампионите и остана во игра за четвртфинале.

Реваншот на Вардар против германскиот состав, очекувано донесе голема неизвесност особено во првите 30 минути од мечот во кој имаше малку погодоци. Вардарки први примија гол, а потоа одговорија со серија од 3:0.

Предноста на нашите ракометарки беше тесна од гол до два предност, но Германките притиснаа и во 19 минута стигнаа до пресврт од 6:7. Вардарки се помачија да ја вратат предноста, особено поради одличната Катја Шулке која беше тешко совладлива и имаше 9 интервенции во првиот дел.

Првото водство на избраничките на Кастратовиќ од три гола разлика се случи на две минути до крајот на паузата на, кога реализираа Дембеле и Ихнева, но Лајпциг најави неизвесно второ полувреме и постигна два гола за 10:9 во првиот дел.

Работите во вториот дел на паркетот целосно се променија. Вардар на почеток се уште имаше проблеми во напад поради расположената гостинска голманка, но тоа траеше некаде до 45 минута од мечот кога имаа предност +1.

Од тие моменти нашите ракометарки почнаа да го торпедираат голот на Лајпциг, а тоа беше награда за перфектната Суслина која целосно се разбрани и на крајот стигна до 15 интервенции од кои поголемиот дел беа во последните дваесетина минута од средбата.

До 55 минута Црвено црниот тим направи серија од 7:0, клучна за победата која беше неминовна кога на семафорот стоеше 24:16. Гостинскиот тим немаше одговор на тоа и на крајот беше поразен со конечни 26:20.

Најпрецизна во вардарвоиот тим беше Ања Алтхаус со 6 погодоци, а по пет запишаа Николиќ, Ихнева и Пенезиќ.

Вардарки сега имаат седум бода во групата, три помалку од Динамо и шест од Будуќност, а патот до посакуваниот фајнлфор ќе го бркаат на гостувањето во Словенија против тимот на Крим на 6 март.

28 февруари 2015 - 20:51