Ракометната треска во Битола со Пелистер и Чкембари

Кога веќе носталгично се враќаме на тема скопско Кале и атмосферата што ја правеа навивачите на Вардар, чесно е да се напомене и можеби најдобриот амбиент во сала кога станува збор за ракометни натпревари.

Ракометниот клуб Пелистер, денес Еурофарм Пелистер, во своите витрини има 6 шампионски титули и 5 Купа на Македонија. Клуб кој даде многу ракометни имиња во сала во која паѓаа европски дивови. Своите класи во Пелистер, во време кога немаше атрактивни странски засилувања и големи буџети, ги потврдија и Кире Лазаров, Петар Ангелов - Диви и Наумче Мојсоски, а „зелено-белите“ дадоа и уште даваат многу репрезентативци.

Со надеж дека актуелната глобална ситуација поскоро ќе помине и дека повторно ќе гледаме ракометни дербија и преполни сали во земјава, да се присетиме како тоа некогаш изгледаше во градот на конзулите:

26 март 2021 - 21:21