Последниот тајм аут на Кире и голот вреден историја

Ракометарите на Алкалоид стигнаа до првиот историски бод на меѓународната сцена против фаворитот Ла Риоха среде Шпанија, во второто коло од групната фаза на Европската лига. На околу 20 секунди до крај, Лазаров им даде насоки на своите ракометари како да одиграат во напад 7 на 6 и ризикот без голман се исплатеше. Александар Петковски остана сам на крило и погоди за конечни 29:29.

25 октомври 2023 - 08:32