Ракометна Лига на шампиони

Металург се враќа поразен од Прешов во Автокоманда

Ракометарите на македонскиот вицешампион Металург го доживеаа првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, откако попладнево загубија на гости од Татран Прешов 27:22.

По фантастичната победа во првото коло над Кристијанштад, „Металурзите“ од Автокоманда денес покажаа добра игра само во првата четвртина од мечот против Словаците, а тоа не беше доволно да се избегне пораз.

Стартот почна добро, Арсиќ брзо фати 4 шута на домаќините а Металург од минута во минута ја накачуваше предноста. Цели 7 минути Татран не ја затресе мрежата, а на другата страна Драгаш, Талески и Обрадовиќ решетаа за шокантни 2-9.

Се очекуваше пад на концентрацијата кај тимот на Лино Червар, но баш таков каков што следуваше. Она што му се случи на Татран сега му се случи на Металург кој 7 минути не го најде патот до голот на Прешовци. Металург немаше одговор на одбраната 4-2 а Младеновиќ постигна три гола едно по друго и полувремето заврши 11-12 за Скопјани.

Вториод дел започна како што заврши првиот, Металург играше почетнички во нападот, губеше топки, а Прешов во 33. минута со голот на Чип првпат го презеде водството и до крај не го испушти.

Во еден момент Дупјачанец застана меѓу стативите, но ни тоа не помогна па Словаците поведоа 21-7 а Металург 4 минути не го погоди голот на противникот.

Во 51. минута Хрстка даде неверојатен гол од далечина и од тешка позиција за +6 и тогаш беше јасно. На крајот убедливи 27-22 за Татран во чиј состав најефикасен беше Хрстка со 7 гола, а Крок и Радек дадоа 4. Во тимот на нашиот претставник Драгаш беше најдобар поединец со пет голови. Талески даде 4.

Во четврток Металург во Скопје му гостува рускиот Чеховски Медведи каде ќе се обиде да стигне до втор триумф во групната фаза од ЛШ.

Татран Прешов (Словачка) -РК Металург Скопје (Македонија) 27:22 (11:12)

Татран: Одбрани - Бражник, Чуптрина, Рабек 4, M. Шарпатаки, Хуменаски, Хрстка 7/1, Д. Крок 4, Садовиј 3, Пекар, Чип 3, Песков, Вучко 4, Јанковиќ 2, Палеш, Царапкин
Најмногу голови кај Металург: Драгаш 5/1, Талески.

Табела:
1. Монпеље 1 1 0 0 28:23 2
2. Татран Прешов 2 1 0 1 50:50 2
3. Металург Скопје 2 1 0 1 40:44 2
4. Чеховски Медведи 1 0 1 0 28:28 1
5. Ла Риоха 1 0 1 0 28:28 1
6. Елверум 1 0 0 1 17:18 0