Таг: лино червар

Игор Вори раскажува како Червар мангупски ги изманипулирал со тренинг кој не бил закажан

Славниот хрватски пикер, кој беше дел од неповторливата банда на Лино Червар, која стана светски и олимписки првак, го смета Лино за негов ракометен татко кој го створил. За него вели има еден куп легендарни стории, а од нив ќе издвои една кога ги насамарил да тренираат сабајле од нигде никаде, откако претходно имале излез во град. Со Ивано Балиќ нон стоп се караа, ама најмногу се сакаа, раскажува Вори.

Што ти бидна бе Лино?

Темпераментот на Червар ни е многу добро познат и тој е тренер кој никогаш не е задоволен од своите и секогаш бара повеќе и повеќе. Синоќа Хрватска го декласираше Бахреин со 10 гола разлика, а Червар во еден момент беше толку нервозен што му крена рака на Јагањац.

Што, каде, кога, како - сè што треба да знаеме за ракометниот Мундијал

Во среда од 18 часот со мечот меѓу домаќинот Египет и Чиле се отвора Светското првенство во ракомет, прво во историјата со 32 учесници. Ќе се игра од 13 до 31 јануари. Без гледачи.

Лино ги пцуеше нашите судии, а најдобри беа во финалето

Исцрпената Хрватска од епското полуфинале против Норвешка кое го доби на продолженија, немаше сили да се носи до крај со Шпанците. Игор Карачиќ во последниот напад направи апла чекори, Славе и Ѓорги ги забележаа и донесоа исправна одлука. Балкан Хендбал ги испофали за професионалниот потег и општо цело судење.

Лино пази се снима

Поранешниот стратег на Металург и селектор на македонската репрезентација одржа тајм аут со Хрватите кој веројатно е свесен дека не е баш убаво што го одржа на таков начин, а згора на тоа му излезе во јавност.

Витешка игра на Металург за реми во Украина

Без Лино Червар кој замина во Загреб за да ѝ се посвети на репрезентацијата на Хрватска и без капитенот Филип Кузмановски, избраниците на одличниот тренер Александар Јовиќ ремизираа со големиот фаворит Мотор Запорожје во Украина 

Бешикташ ги однесе бодовите од Скопје, Металург поразен

Во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, скопски Металург загуби од условно аутсајдерот на овој меч, Бешикташ со 31-27 и го запиша вториот пораз.

Што изјави Червар за историскиот успех на Вардар

За Европската титула на Вардар, се огласи и тренерот на Металург, Лино Червар кој рече дека тоа што тимот на Раул Гонзалес го направил во финалето е нешто чудесно.

Ти благодариме Лино, доктор за ракомет од светска класа

Колку и да му лутиме што си оди прерано од репрезентацијата, сепак на магионичарот од Умаг треба да му се поклониме за сработеното во македонскиот ракомет. Тешко дека ќе имаме повторно привилегија стручњак од ваков ранг да задржиме 8 години во ракометен шампионат кој се игра во сали по физичко.

Најчитаните 5 статии во Офсајд

Нашиот петти роденден како сајт нè натера да влеземе во спортската архива за да видиме што во изминативе 1.825 дена куцање ви било најинтересно за кликање. Душан ве купил со тајмаутот на Лино Червар, а Филип со статијата за Ѓоковиќ.

Победничко збогум на Металург од Европа

Со високи 31-24 (15:10) Металург го победи рускиот шампион Чеховски Медведи, ја запиша петтата победа и се одјави од Лигата на шампионите сезонава.

Слабокрвната Македонија немоќна против Норвешка за крај на сонот

Македонија во првиот дел прими 12 гола, а на половина од второто полувреме 11. Ужасниот почеток на вторите 30 минути ја турна колата по уздолница и Норвешка заслужено оди во четвртфиналето.

Најјакиот тајм-аут на Лино Червар на Мундијалот

Нашите момци синоќа против Исланд колку беа уморни, толку беа и расположени за зафрканција. Тоа се виде на последниот тајм-аут на две секунди пред крајот кога Миркуловски праша што играме?

Импресивната Македонија до важно реми со Исланд

Со уште една храбра игра нашите ракометари остварија уште една важна цел. Реми со Исланд 27-27 (13-15) за да се избегне Франција и во осминафиналето да се оди на Норвешка. Јунак Кирил Колев кој одбрани силен шут во последниот напад.

Како да се избегне „бојно поле“ против Франција

Под услов „Триколорите“ на крај да бидат први во групата А што е прилично реално, нашите момци ќе треба да направат изненадување против Шпанија или да останат непоразени против Исланд.

Советите на Лино на тајм-аутите

Немавме можност во преносот против Тунис да чуеме што им кажуваше Лино Червар на своите избраници за време на тајм-аутите, ама затоа гледавме како судиите на моменти се губат во некои одлуки кои ги посочи и нашиот селектор. Червар: Судиите нè крадат, мора и нив да ги победиме.

Прво па машко, Македонија го совлада Тунис за први бодови

Во првото коло од групата Б на Светското првенство во Франција, Македонија му се одмазди на Тунис 34:30 (13-14) за поразот во борбата за Олимписките Игри и заслужено ги освои првите бодови. Капитенот капитенски со 12 голови.

Од А до Ш со Лино Червар

Иако е селектор на Македонија и тренер на Металург, Лино Червар ниту една буква не го асоцира со нашиве ракометни простори каде е укотвен 7 години. Нејсе. Има што да се прочита во интервјуво. Доктор е за ракомет, учител за младите и човек кој работите ги анализира длабоко и суштински.

Голем триумф на младоста на Металург во Европа

Рецептот на Лино Червар за поголем простор за младите македонски ракометари почна да дава успех. Металурзите ја прекинаа црната серија во Лигата на шампионите и вечерва славеа убедливо против норвешкиот Елверум 26:31.

Монпелје ги однесе бодовите од Скопје

Во дуел од шестото коло на групната фаза на ЛШ, Металург вечерва загуби од францускиот претставник Монпелје со 24:30 (10:14).

Македонија тргна победнички на патот кон Европско

Најдобрите македонски ракометари успешно ги започнаа квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, иако вечерва потешко од очекувањата славеа над аутсајдерот Украина 27:21 (13:10).

Висок пораз на децата на Червар во Монпеље

Ракометарите на Металург го доживеаа третиот пораз во петтото коло од елитната Лига на шампиони. Вечерва во Франција Монпеље беше подобар за десет гола 28:18 (13:12)

Металург се враќа поразен од Прешов во Автокоманда

Ракометарите на македонскиот вицешампион Металург го доживеаа првиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, откако попладнево загубија на гости од Татран Прешов 27:22.

Червар викна некои нови клинци за баражот

Новиот селектор на македонските ракометари, Лино Червар го објави првиот список на ракометари кои ќе се борат за место во националниот тим во баражот за Светското во Франција 2017.