Таг: лино червар

Лино Червар е нов селектор на Македонија

Хрватскиот стратег кој има македонски пасош ја доби поддршката од комисијата за избор на селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија.

Червар: Македонија не е само Кире

Македонските ракометари вечерва во 20:30 ги продолжуваат натпреварите на ЕП, а ривал е Хрватска, репрезентација која имаше потешкотии во првата фаза.

Ништо од европска пролет, Металург поразен од Мотор

По којзнае кој пат сезонава Металург одигра одлично прво и бледо второ полувреме и на крајот загуби. Подобар од избраниците на Червар беше украинскиот шампион Металург Запорожје 23-21.

Червар: Нема летање, треба скромност и докажување

По двата тесни порази од само еден гол разлика, ракометарите на Металург ќе се обидат да се рехабилитираат со победа пред своја публика против Баја Маре која во недела гостува во Борис Трајковски.

Червар: Ќе си одите пешки од Романија до дома

Хрватскиот стратег им беше толку лут на Филип Кузмановски и Марко Бувиниќ поради грешките на мечот од ЛШ против Баја Маре, што им се закани дека ќе ги пушти пеш да си одат дома.

Неискуството пак ги чинеше, Металург поразен во Романија

Ракометарите на Металург во неизвесен натпревар против романскиот Баја Маре го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите 21:20 (10-9).

Червар: Не е пријатно да бидам прислушуван

Во пресрет на првиот меч на Металург во Лигата на шампионите пред своја публика, хрватскиот стратег изјави дека се чувствува непожелен во Македонија, а потоа прочита смс порака од Кире Лазаров.

Червар: Би сакал да создадам нова снага во македонскиот ракомет

Ракометарите на Металург викендов го играат последниот меч во Лигата на шампионите, а тоа ќе биде само формалност меѓу подмладокот на тимот од Автокоманда и Загреб кој е веќе сигурен учесник во осминафиналето.

Навивачка на Металург: Заминете од клубот, го уништивте

Раководство на актуелниот македонски шампион официјално го потврди заминувањето на 8 ракометари на Металург, кои инаку настапуваа за Македонија на СП Катар. Клубот за сега ќе опстојува со подмладокот, а Лино Червар изјави дека ќе остане да помага.

Металург убедливо поразен на екскурзијата во Париз

Францускиот клуб запиша убедлива победа 35:24 во борбата за првото место, а нашиот Металург останува со теоретски шанси за нокаут фазата до која стигнуваше три сезони по ред. Први голови во Лигата на шампионите постигнаа младите Мартин Манасков и Марко Нелоски.

Мојсовски со еврогол на крајот за триумф на Металург

Со голот на Наумче Мојсоски на 2 секунди пред крајот, актуелниот македонски првак Металург успеа да стигне до првата победа 29:28 сезонава во Лигата на шампионите. Никола Митрески одличен на голот со 10 одбрани и најдобра партија годинава за Мојсовски и Вугринец.

Червар: Ги почитувам играчите, продолжуваме гордо во Европа

„Без разлика во каков состав сме ќе се бориме, особено за нашите навивачи кои многу ги почитуваме и морам да кажам дека поради нив ми е многу жал што дојде до ова“, рече хрватскиот стратег.

Металург избегна дебакл во Ла Риоха

По турбулентната недела, „металурзите" се држеа само 40 минути во Шпанија и против Ла Риоха го загубија и петтиот натпревар сезонава во ЛШ (31:27). Во следното коло, Шпанците гостуваат во Скопје.

Червар: Во прашање е опстанокот на клубот

Странците си заминуваат, клубот и домашните играчи молчат и два дена по состанокот со Минчо Јорданов, а хрватскиот стратег кој е под голем притисок од ракометарите, ситуацијата во Металург ја објасни за хрватските медиуми.

Што ќе прават странците на Металург?

Барем привремено крајниот исход од драмењето во Металург е - странците си заминуваат незадоволни, македонските ракометари ќе играат против Ла Риоха во ЛШ, ама со ултиматум за Лино.

Келнери ќе служат навивачи на Вембли

Управата на најголемиот англиски стадион одлучила да им пружи уште поголем комфор на ВИП гостите, кои ќе можат да нарачуваат јадење и пиење од ложата.

Червар: Да се сакаме и љубиме на теренот би било преубава приказна

Во пресрет на првата историска средба во Лигата на шампионите помеѓу градските ривали Металург и Вардар, стратегот Лино Червар изјави дека ова дерби треба да се гледа како пресметка помеѓу два големи ривали, но не и непријатели како што некој тоа го смета.