Драмата на мечот Египет - Данска

Ракометарите на Данска и Египет го одиграа најлудиот натпревар во досегашниот тек на Светското. Меч кој донесе продолженија, црвени картони, исклучувања и пресврти, на крај го добија Данците на пенали и ќе играат во полуфинале против Шпанија која ја згроми Норвешка.