Аве Раул

Вардар има тренер на кого судиите не му се криви, ниту противникот зло, ниту медиумите противници. Професионалец кој нема гард на недопирлив. Одмерен во сè. Шпанецот е пример за неговиот еснаф.

Во филозофијата на спортот во која секогаш за сè е грдо одговорен тренерот, а славата ја делат играчите, нека за сите времиња останат овие зборови. АВЕ РАУЛ. Сомнителното вртење на главата на причините за влегувањето на Сергеј Самсоненко и приказната околу Вардар, на неговото инвестирање со астрономски суми, иритирачко седнување на клупа и понекогаш неодмерени ставови, на крајот донесоа до балада. Балада од која доаѓаат солзи, срцето е растргнато, а главниот јунак нè убива и веќе скока во реката Рајна со шампањ во рака.

Основач е рускиот бизнисмен Самсоненко кој на македонскиот ракомет, спорт и целокупниот народ му донесе три нешта засекогаш, а на остатокот од светот му покажа како се раѓаат и остваруваат најлудите сништа, како за четири години од потсмев се доаѓа до почит и признание.

Првата работа е салата Јане Сандански. Втората е трофејот од челик во облик на рака кој држи ракометна топка. Третата, но прва Раул Гонзалес.

Сигурно дека во претходната ноќ, а сега и во историјата на еден спорт и еден народ, се изградени многу бетонски плочи и инвестирани многу пари, но хартијата не игра, парите не ги бранат последните напади. Сè на страна, ако немате човек од крв и месо каков што има Вардар, кој тивко зборува, но кажува многу повеќе од оние кои скокаат и викаат, нежен и скромен.

Таков беше и во микс зоната во Ланкес Арената, луд од среќа, преполн со емоции, уморен и згужван, збунет, изненаден влета додека се чекаше церемонијата и конечното одбројување на неговите играчи. Праша каде е прес конференцијата, се шеташе ваму таму како во транс, па кога виде дека нема никој, брзо се врати назад на терен да не го пропушти филмот кој го режираше, а во кој пред Елдорадо мораше да пука четири амигоси – Талант, Љубо, Чави и Ноку, сите кои знаат како е да се биде на врвот на светот.

Раул излезе главниот фраер.

Фраер кој од играч кого Алфред Гисласон го прати по бурек после месец дена во Кил, направи стартен пивот од кој и Никола Карабатиќ се одбиваше како на куглање. Фраер на кој стартниот бек минатата сезона му испадна од Бундеслига. Фраер кој го направи најјакиот тандем во Европа: Циндриќ – Душебаев, кои како земјата да не ги допира. Фраер кај кого Канељас нема да биде познат како оној кој дојде во шампионот во Европа, но одбраната ја парализира на секоја екипа која доаѓа. Фраер која ја скрати ротацијата во бековската линија и наместо умор доби контра ефект – повеќе енергија. Фраер на кој еден Шишкарев во сенка го фрли Генсхајмер. Фраер кој телото и умот на Тимур Дибиров ги доведе до перфекција, а од Илија Абутовиќ направи најголем господин меѓу одбранбените играчи. Фраер кај кого во секоја секунда сè знае што и како се работи. Фраер кај кого играчите не превртуваат очи и не се прават дека не го слушнале.

Го направи тоа што никој не го направи претходно, ниту Хамбург 2013, ниту Фленсбург 2014, а ниту Кјелце минатата година.

Над сè и најважно Вардар има тренер на кого судиите не му се криви, ниту противникот зло, ниту медиумите противници. Професионалец кој нема гард на недопирлив. Одмерен во сè.

Шпанецот е пример за неговиот еснаф, каде секој е најјак, најдобар и тоа го може, само ете не е роден под среќната ѕвезда. Некои ѕвезди треба да се заслужат. Македонија после години потрошени емоции и неверојатна љубов во овој наш спорт, заслужи да и се случи ова. Заслужи да оди на колена на аеродромот во Дортмунд.

Го заслужи Раул Гонзалес.

Жика Богдановиќ

5 јуни 2017 - 14:50