Мексиканка не го пуштила мажот на Светско, другарите земале картонска фигура од него

На Светското секојдневно има многу интересни приказни и анегдоти, ама тоа што направиле другари на еден Мексиканец е ненадјебиво.

Слушнавме за Германец што тргнал со трактор до Русија да ја гледа својата репрезентација. Слушнавме и за дечките од Исланд кој добиле Лада Нива на наградна игра пред Светското и тргнале во Русија, ама најлуд потег направиле пар Мексиканци.

Жената на еден од навивачите на „Ацтеките“ по никоја цена не го пуштала својот маж на Мундијалот. Другарите со денови ја убедувале, ја молеле да го пушти на десетина дена, ама таа не попуштала.

Кога сфатиле дека „топ не ја бие“, решиле да направат картонска фигура со неговиот лик и дрес на кој пишува „Жена ми не ме пушти“.

Сега каде одат тие, оди и „тој“.

На Фанфест концерт:

Во тоалет на еден бар:

На туширање:

Го фатило дремка по испиен ликер:

18 јуни 2018 - 11:26