Ултрасите на Зенит му пишале писмо на Ратко Младиќ

И покрај тоа што УЕФА ригорозно го казни нивниот клуб поради паролата за Ратко Младиќ на мечот против Вардар во Лига Европа, навивачите на Зенит не отстапуваат од поддршката за српскиот генерал осуден неодамна на доживотен затвор во Хашкиот трибунал.

Навивачите на рускиот гигант му пратиле писмо со честитки за Новогодишните и Божиќните празници на Младиќ, неколку други предмети како и цитати од рускиот војсководец Александар Суворов.

4 јануари 2018 - 12:17