Силеџиство на Маракана, бразилската полиција со пендраци во глава ги тепаше Аргентинците

Аргентина испиша историја и стана првиот тим кој успеал да го победи Бразил на гости во квалификации. Резултатот отиде во втор план. На трибини хаотично и опасно по живот.

Суперкласико почна со 30 минутуно задоцнување поради инциденти на трибините кои воопшто не се убави за гледање.

За време на интонирањето на химните дошло до пресметка меѓу навивачите, наводно поради тоа што навивачите на Бразил поставиле големо знаме со кое покриле неколку аргентински знамиња.

Хаосот земал голем замав откако се вмешала и бразилската полиција која на снимките се гледа како без усул ги напаѓа гостинските навивачи со пендраци.

Дел од Аргентинците се обиделе да се одбранат и спротивстават, а други бегаат, плачат и се во очај. Еден од нив лежи на земја и цело лице му е со крв.

Фудбалерите на Аргентина се доближија до трибината и им мафтаа на полицајците да престанат, а голманот Елимиано Мартинез скокна во обид да му одземе пендрак на еден од полицајците.

Меси во еден момент ги повлече соиграчите со образложение дека овде нема услови за игра, но потоа натпреварот продолжил.

Што се однесува до фудбалскиот дел, Аргентина го доби дербито и му запиша третиот пораз на Бразил во 6. коло од квалификациите за СП 2026.

Светскиот првак стана првата селекцијата која успеала да го порази Бразил во историјата на квалификациите.

Стрелец на голот е Отаменди во 63 минута.

22 ноември 2023 - 08:48