Прва лига со Чкембари и Мајмуни

Ако некој фали во прволигашкото фудбалско друштво тоа се Пелистер и Победа, екипи од два фудбалски града со традиција кои не ги личи да играат во пониските рангови. Битолчани се враќаат во елитата по пауза од една година, а Прилепчани по седум. Нивниот кам бек во елитата освен ривалството против Вардар, на сцена го враќа и пелагониското дерби.

Микс видео од фан страната на Пелистер „И моето дете ќе навива за Пелистер“.

Извонредната бакљада на Широк сокак по повод 30-от роденден на навивачката група Чкембари кој го одбележаа лани.

Историјата на Победа преку тимски фотографии

Славјето на Победа за кам бекот во прва лига

30 мај 2016 - 12:31