Последици од карантин ли се што ли е? Навивачи во Америка фрлаат флаши, упаѓаат на терен

За време на четвртиот меч меѓу Визардс и Сиксерс во НБА плејофот еден гледач упадна на паркет па службите го совладаа. Ова е четврти испад на навивач во плејофот а слично е и во НФЛ.

Во третата четвртина од мечот кој Вашингтон го доби 122:113 и намали на 1-3 во серијата до 4 победи, еден навивач се стрча кон паркетот и беше урнат од редарските служби:

Клубот соопшти дека проблематичниот навивач добил пријава од полицијата и дека управата на Сиксерс му забранила посети на Capital One Arena.

Ова е четврта епизода на навивачки испади на НБА паркетите. Претходно еден навивач во Филаделфија истурил кеса пуканки врз Расел Вестбрук кој тргна да се пресмета со навивачот кој подоцна бил доживотно суспендиран од клубот

Во Њујорк еден навивач го плукаше Трае Јанг

А во Јута тројца навивачи ги навредувале родителите на Џа Морент (Јута е позната како најжесток НБА терен со најлоши навивачи):

 

1 јуни 2021 - 10:56