No pyro No party

Во финалето на Копа Либертадорес, највредниот турнир во клупскиот фудбал во Јужна Америка, ќе гледаме бразилски дерби дуел: Палмеирас - Сантос.

Бразилските гиганти во полуфиналето ги урнаа вечните аргентински ривали Бока и Ривер.

Откако претходно Палмеирас го доби Ривер со убедливи 0-3 во Буенос Аирес, па дома драматично спаси глава после поразот во реваншот 0-2 и едвај се пласираше во финале, синоќа им се придружи и Сантос.

„Црно-белите“ прво одиграа 0-0 со Бока во Аргентина, а на реваншот со головите на Диего Питука, Сотелдо и Лукас Брага ги згазија ривалите со 3-0 и обезбедија финале - на 30 јануари на славната „Маракана“.

А навивачите на Сантос синоќа пред мечот сакаа да им покажат на гостите каде дошле, откако на теренот со мали падобранци испорачаа неколку бакљи:

14 јануари 2021 - 11:39