Навивачите на Јунајтед нема ни да помислат да си го продадат билетот

Премиер лигата освен што е средена тип топ во однос на организација и имаа строги правила спрема тифо сцената (стапни на терен па ќе видиш што ќе те снајде), знаат и да забегаат.

Фан на Манчестер Јунајтед се обидел да си препродаде билетот за натпреварот од Лига Европа на кој Црвените Ѓаволи гостуваа против Фенербахче, но да знаел дека вакво нешто ќе го снајде попрво ќе го запалел, отколку да си ги врати парите.

Кога клубот дознал за тоа му испратил писмо од кое навивачот се шокирал. Зошто? Одземен му е годишниот билет, тоа прво. И второ нема да смее да го боди Манчестер на стадион, ни дома ни на гости во наредните три години.

„По нашиот гостински меч против Фенербахче излезе на виделина дека вашиот билет е рекламиран за продажба на социјалните медиуми. Неовластена или осомничена препродажба на билети за гостувања е строго забрането, како што е наведено во условите. Како резултат на ова вашата сезонска карта е поништена без враќање на парите. Исто така добивте забрана за присуство на домашни и гостински натпревари во период од најмалку три години“, стои во писмото на Јунајтед.

Од клубот сметаат дека ваква постапка на навивачот е навредлива и агресивна и посочуваат дека пред стартот на сезоната објавиле соопштение дека за препродажба на билет ќе следува три годишна суспензија од нивните натпревари.

По оваа одлука, многу навивачи на Манчестер Јунајтед се разочарани и изневерени од клубот за кои трошат многу пари да го бодрат и дома и на гости.

18 ноември 2016 - 12:44