Најјаките ултраси за 2023-та

Земјата е Чешка, клубот е ФК Свата, а тие во публика се навивачи број 1 на годината во светски рамки. Точка. Ги имаат сите предиспозиции, знаме, пароли, пиротехника, тапан и што е најважно страст за навивање, како и се разбира трибина каква што нема никој друг на планетава.

За почеток ни беа потребни три гледања, за да сфатиме на каква сцена ни сведочат очиве. Инаку клипов има 8,5 милиони прегледи, 100.000 лајкови и над 4.000 коментари. Сакаме реприза уште во 2024-та.

12 декември 2023 - 14:18