Миша Тумбас испратен со песна

Најверниот навивач на Партизан, човекот кој го бодреше овој клуб на фудбал, на ватерполо, на кошарка, на ракомет и на сите други спортови, Мирослав Гајиќ (66) попознат како Миша Тумбас бил погребан на белградските гробишта Орловача. Како што доликува, со песна за црно-белата боја.

На погребот присуствувале луѓето од управата на ФК Партизан, тренерот Саво Милошевиќ, како и неколку навивачи.

Миша Тумбас беше неизоставен дел од сите збиднувања поврзани со Партизан, прослави на титули, дербија против градскиот ривал, но и разни гостувања со белградските црно-бели.

Повеќе за него тука

10 април 2020 - 09:50