Единствениот гледач на мечот Валенсија - Аталанта

Се родил слеп на едното око, но продолжил да купува сезонски билети, потоа ослепел и на другото, но и тогаш не престанал да оди на стадион. Некои фудбалски натпревари едноставно не може да се одиграат без публика.

Висенте Наваро беше единствениот навивач на синоќешната средба од ЛШ меѓу Валенсија и Аталанта. Да бидеме попрецизни. Споменикот на овој легендарен лик е сместен таму или поточно на истото седиште каде одел со години и кога гледал, но и кога повеќе не бил во можност да гледа.

Тој до толку не можел да дише без Валенсија, што и кога ослепел продолжил да оди на секој меч чисто колку да ја почувствува атмосферата.

Затоа без разлика на тоа дали некој оди на Местаља или имало мерки поради некакви вируси, Висенте засекогаш ќе биде на своето столче, се додека постои стадионот. 

За одлуката на клубот да му направи споменик.

11 март 2020 - 09:56