Дивјачки фудбалски сцени во Бразил

Во случајов не знаеме дали поголем будала е хулиганот или тој од клупа кој со ударот можеше мозок да му оштети. Што ви е бе луѓе? Фудбал е ова, не е боречки ринг.

Фигуеренсе загуби дома од Аваи со 0:2 во бразилската втора лига, но кој го гледа резултатот први вакви ненормални настани. Со оглед на тоа што го прочитавте уште во насловот, веќе ви е јасно дека се работи за инцидент.

Но овој е ретко виден, бидејќи нема да видите навивачка пресметка, ниту па срчкаа играчите, туку еден играч крвнички нападна навивач.

На видеото се гледа како еден од домашните гледачи приоѓа пред гостинската клупа да бара некаква правда. Првиот што му влета од резервите го собори на земја со еден потег, а потоа му влета и втор, ама како говедо.

До толку беше без осет што го рогна и навивачот и својот соиграч кој почна да му мавта со рацете да се тргне. Фудбалерот со дрзок нагон на насилство се вика Бруно Силва кој наводно прв почнал да ги провоцира од публика кога го извадиле во второ.

Според пишувањата на бразилските медиуми голиот навивач заедно со уште еден биле однесени во полиција, а мечот во еден момент бил во прекин 20 минути поради тоа што домаќините се степале меѓу себе на трибина.

3 февруари 2020 - 15:23