Необична случка со навивач кој се врза за стативата на Емирати

Во терминот за ЛШ, синоќа се играа и две средби од Премиер лигата. На мечот Арсенал - Ливерпул имаше необичен инцидент или како и да се вика ова.

Фудбалерите на Ливерпул славеа 0:2 и ја продолжија импресивната серија од 9 победи по ред во Премиер лигата, а со тоа и ја вжештија трката за титулата, бидејќи на Сити му дојдоа на -1.

Мечот го решија Јота и Фирмино во 54-та и 62-ра минута, а во периодот меѓу двата гола имаше еден сосема неочекуван и чуден момент. Навивач влета на терен и се врза за стативата.

Обично падобранците на терен трчаат како муви без глави, ја рогаат топката или ги закачаат играчите и им бараат автограм или селфи, ама овој имаше друга намера која бил збунувачка и за коментаторот на Скај Спорт, кој не знаел што да каже во пренос.

На видеото се гледа дека редарите се помачиле за да го одглават.

17 март 2022 - 09:06