- Левиот бек на Арсенал кој неколку години играше во Манчестер Сити, Александар Зинченко изјавил за БиБиСи дека ако треба би ја напуштил Велика Британија ако биде повикан во војска да се бори за Украина.
- Украинскиот претседател во средата потпиша закон со кој се намалува возрасната граница за служење воен рок од 27 на 25 години. На прашање од БиБиСи дали би одговорил на повик да оди на фронт да се бори, Александар Зинченко рекол:
- „Мислам дека одговорот е јасен. Би отишол. Многу од моите школски другари се борат на фронтот. Тешко е да се разбере дека неодамна одевме во исто школо, игравме фудбал на игралиште, а сега тие мора да ја бранат нашата земја“, изјави левиот бек ма Арсенал и додаде „дека тој и неговото семејство се горди на нивниот претседател“.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.