Во ракометот одамна не се бираат најдобрите, таму се подразбираат!
3 јануари 2022
- Во македонскиот ракомет остана некоја „традиција“ да нема избор на најдобрите. Сега кога го враќам филмот, искрено и не можам да се сетам ни кога ни зошто почна…Последно нешто такво што ми текнува е прогласувањето на Пепи Манасков и на Гордана Нацева за ракометари на векот, пред дваесет и кусур години.
- Личност на годината & МВП : Кирил Лазаров, дефинитивно без конкуренција. Па, кој жив може го следи во чекор човекот кој во 365 дена стана единствен капитен-селектор во светот, со 41 сè уште бомбардира во ЛШ, лета на релација Франција-Македонија, води тајм-аут, трча шутира, креира нови проекти, објавува втора книга…
- Највисок дострел: Во изминатата олимписка година, најуспешните македонски судии – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов и Драган Начевски како делегат, ја бранеа честа на македонскиот ракомет на ОИ во Токио и тоа на највисоко ниво. Во импресивното судиско портфолио, Начевски и Николов го додадоа и перфектно отсуденото олимписко финале во Токио. Како шлаг на торта. Наши, а светски!