- Најталентираниот турски фудбалер, 19-годишниот Арда Ѓулер на голема врата дојде во Реал Мадрид каде навивачите го гледаа како замена за времешниот Лука Модриќ.
- Ѓулер важи за неверојатен техничар, права современа 10-ка која блескаше во Фенербахче. Но кај Карло Анчелоти не добива шанса. Од почеток на сезонава одиграл само 92 минути на пет меча во сите натпреварувања.
- Младиот Турчин кој ќе игра на претстојното Евро2024 со неговите агенти барал средба со претседателот на Реал Флорентино Перез со цел да ги каже сите поплаки што не игра речиси воопшти. Наводно Ѓулер бил бесен откако долго време се загревал против Севиља но Анчелоти пред крајот го седнал на клупа па меѓу нив имало и непријатни моменти.
- Она што се најавуваше во претходните неколку часа, се потврди попладнево: Игор Тудор веќе не е тренер на Лацио.
- Претседателот на бјанкочелестите Клаудио Лотито, управата, па и дел од навивачите биле непријатно изненадени од наводната листа која Хрватот ја испорачал до клубот: тој барал најмалку 6-7 нови засилувања и плус отворено кажал на кои играчи не смета и може да заминат.
- Ова довело до револт во управата која сега бара начин како да го раскине договорот со Тудор (46). Тој на клупата на Лацио седеше речиси три месеци.
- Српскиот тениски ас утринава бил на операција на коленото во Париз, кое го повреди за време на мечот против Серундоло кој го победи со 3:2.
- Доколку не се појават компликации, тој би требало да може да стане од кревет во текот на денов со помош на патерици, пишува Газета дело Спорт.
- Ќе му бидат потребни три недели за опоравување, што значи дека тоа ќе го спречи да настапи на Вимблдон кој стартува на 1 јули.
- Се очекува да биде фит за Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули, единствено натпреварување каде нема освоено трофеј.