- Италијанскиот антидопинг трибунал му изрече четиригодишна суспензија на Пол Погба поради допинг.
- Французинот падна на допинг тест на 20 август 2023 година по воведниот натпревар во Серија А помеѓу Јувентус и Удинезе, кој целосно го мина на клупата.
- Го суспендираа во септември 2023 година и оттогаш не тренира, а кога ќе му заврши суспензијата ќе има 34 години.
- Погба беше дел од репрезентацијата на Франција која го освои Мундијалот 2018-та, а откако направи кам бек во Јувентус од Манчестер Јунајтер во 2022-ра има одиграно само 12 натпревари.
- Она што се најавуваше во претходните неколку часа, се потврди попладнево: Игор Тудор веќе не е тренер на Лацио.
- Претседателот на бјанкочелестите Клаудио Лотито, управата, па и дел од навивачите биле непријатно изненадени од наводната листа која Хрватот ја испорачал до клубот: тој барал најмалку 6-7 нови засилувања и плус отворено кажал на кои играчи не смета и може да заминат.
- Ова довело до револт во управата која сега бара начин како да го раскине договорот со Тудор (46). Тој на клупата на Лацио седеше речиси три месеци.
- Српскиот тениски ас утринава бил на операција на коленото во Париз, кое го повреди за време на мечот против Серундоло кој го победи со 3:2.
- Доколку не се појават компликации, тој би требало да може да стане од кревет во текот на денов со помош на патерици, пишува Газета дело Спорт.
- Ќе му бидат потребни три недели за опоравување, што значи дека тоа ќе го спречи да настапи на Вимблдон кој стартува на 1 јули.
- Се очекува да биде фит за Олимписките игри во Париз кои почнуваат на 26 јули, единствено натпреварување каде нема освоено трофеј.