- Во подкастот Адмирал АБА токс со сјајниот Един Авдиќ, гости биле Жарко Паспаљ, Ацо Петровиќ и таткото на Лука Дончиќ, Саша.
- Меѓу стотина теми на разговор, генијалниот Един ги прашува гостите зошто во најново време денес некако се потценуваат најдборите кошаркари од регионов и нема некој од постарите легенди да каже онака од срце: „Да, тој е дефинитивно најдобар. Точка. Туку сè некои муабети во празно, вака онака, во наше време“.
- „Имаш работи кои се за кафана и некои други, што не значи дека е искрено. Сите ние сме играле и имаме свое мислење. Денес гледаме кошарка и не сакам да влегувам во тоа дали е полошо, подобро, помеко или потврди. Во моментов ги имаме господинот Никола Јокиќ и Лука Дончиќ како и гомила играчи од нашите простори. Што сега треба да влегуваме во некоја приказна која не може да се раскаже“, вели Паспаљ и не дава директен одговор на прашањето на Един Авдиќ зошто многу поранешни кошаркари не им оддаваат признание на најдобрите играчи од регионов во НБА Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.
- Со 200 милиони долари од плата во Ал Наср и 60 милиони од маркетинг, Кристијано Роналдо по четврти пат во кариерата е најплатен спортист во светот.
- Најплатените 50 спортисти во последниве 12 месеци заработиле 3,8 милијарди долари, што е за 13% повеќе од ланскиот рекорд, делумно поради парите од Блискиот исток, пишува Форбс. 76% од тие пари ги добиле од плати, бонуси и парични награди.
- Меѓу нив најмногу има од НБА (19), од НФЛ 11, додека фудбалот е на трето место со 8 претставници.
- Зад Роналдо на листата е голферот Џон Рам, а трет најплатен спортист за изминатава година е Меси со 135 милиони.
- Потоа следуваат Леброн Џејмс со 128 милиони долари, Јанис Антетокумбо (111 милиони), Килијан Мбапе (110), Нејмар (108), Карим Бензема (106), Стеф Кари (102). Никола Јокиќ заработил 56 милиони долари и е на 32-рото место, а Лука Дончиќ е 34-ти со заработка од 55 милион долари.
- Македонските ракометни арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се делегирани од ЕХФ за финалето на елитната Лига на шампиони. Николов и Начевски ќе го комплетираат неверојатниот круг со арибтража на финале на Светско првенство, Европско првенство, Олимписки Игри и Лига на шампиони.
- На Фајнал Форот во култната „Ланксес Арена“ во Келн за трофејот ќе се борат Магдебург - Алборг и Барселона - Кил. Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 9. јуни од 18:00 часот.