- И покрај тоа што Преград Мијатовиќ е поранешен играч и функционер на Реал Мадрид, отворено, искрено и многу точно се изрази после синоќешното незрело однесување на Винисиус, на кој италијанскиот судија Маса очигледно немаше храброст да му покаже црвен картон.
- „Не го разбирам ваквото однесување на вакво натпреварување. Токму кога ќе помислите дека ова момче малку се смирило, прави вакво нешто и ова навистина ме изненади“, рече Мијатовиќ во емисија за шпанскиот весник АС.
- „Морам да кажам уште една работа, замислете ако на првиот натпревар поништeниот гол за Лајпциг беше поништен за Реал, сите ќе кажевме дека УЕФА не нè сака и дека сите се против нас.
- „Треба да се биде објективен, овој потег на Винисиус е резултат на фрустрација и тој мора да биде посмирен бидејќи може да го остави тимот со десет играчи“, поентираше легендарниот Црногорец.
- Педесет и едно годишниот Португалец Пауло Фонсека е нов тренер на италијанскиот вицешампион Милан. Доаѓа на место на Стефано Пиоли со кого не беше продолжена соработката.
- Фонсека својата тренерска кариера ја започнал во родната Португалија уште во далечната 2005-та година кога предводел младински тим во Амадора. Од 2007-ма е во сениорскиот фудбал, а во Португалија ги водел клубовите: 1. декември, Одивелас, Пињалновенсе, Депортиво Авеш, Пакош Фереира, Порто и Брага пред да тргне во странство.
- Одличните резултати во Шахтјор Доњецк го препорачаа да стане тренер на Рома каде остана две сезони без некои поголеми успеси. Реномето го врати во француски Лил кој под негова палка играше супер фудбал и се пласираше во Лига на шампиони. Договорот со Милан му е на 2 години со можност за уште една плус година. Тој е познат како тренер кој сака напаѓачки фудбал и дава шанса на млади играчи.
- Американските медиуми пренесуваат дека на 86-годишна возраст починал легендарниот кошаркар Џери Вест по кого е настанато светски познатото лого на НБА со кошаркарска силуета.
- Џери Вест важи за една од најголемите легенди на НБА. Од 1980-та па се до 2000-та работеше во Лос Анџелес Лејкерс а подоцна своето знаење го пренесуваше и во Голден Стејт Вориорс.
- Џери Вест дури 14 пати учествувал на Ол-Стар натпревари а 12 пати бил биран во тимот на сезоната во лигата. Се прославил откако со Вил Чемберлен и Оскар Робертсон прв станал дел од клубот на играчи кои дале најмалку 25.000 поени во НБА. Во 1960-та бил и заменик капитен на селекцијата на САД на Олимписките Игри.
- Еден е од првите членови на Куќата на славните во Спрингфилд.